ДАЛИ ТРЕБА ПРОМЕНА НА СЕКОЈА РЕГИСТАРСКА ТАБЛИЧКА ? ? ?

Почитувани клиенти на Задружението на возачи - Ресен. 

Со цел да ви ги објасниме измените и нејаснотиите за промена на ознаката НМК на новите регистарски таблички, во продолжение ви објавуваме дел од Соопштението на Министерството за внатрешни работи на СРМ, објавено во јавност на 17.06.2019 година. Во соопштението стои следново: 

„Ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи почнува со издавање на регистерски таблички со ознака НМК. Регистарска табличка со ознака НМК ќе добиваат возилата што подлежат на прва регистрација во државата и оние граѓани што ќе пријават оштетена регистерска табличка. Останатите граѓани промената ќе треба да ја направат до 2024 година, а до тогаш ќе можат да ги користат постоечките таблички и при излегување од државата ќе добиваат бесплатна налепница НМК“.

Со Почит. 
Здружение на возачи - Ресен.
Од Вас сме, со Вас сме, за Вас сме! ! !