Здружение на возачи Ресен ги нуди следните услуги

НОВО!   НОВО!    НОВО!
СЗВМ ги врши следниве услуги:

  •  Единечно одобрување на возило (хомологација)
  •  Потврда за техничко - експлоатациони услови
  •  Потврда за преправено возило (фолија)
  •  Потврда за преправено возило (кука)
  •  Потврда за преправено возило (ТНГ)
  •  Потврда за одобрување на трактор/ (тракторска приколица)
НОВО! НОВО! НОВО!Хомологација на возила
Вашето возило го презема Контролорот и го води кон опремата. Се прегледува и утврдува:
  • Исправноста на управувачките уреди, аголот на наклонување на тркалото кон површината;
  • Исправноста на системот за сопирање, се утврдува потребната и реалната сила на кочење на секое поединечно тркало, согласно налегнувањето, односно тежината , се утврдува евентуалната разлика на силата на кочење на тркалата по оска;
  • Со современи уреди се проверува и коефициентот на загадување со издувните гасови;
  • Исправноста на уредите за управување - волан, комплетно функционирање на системот за управување (спони, јабучици и сл.);
  • Со современ апарат се мери и функционирањето на амортизерите,
  • Исправноста на функционирањето на светлосно-сигналните уреди, насоченоста и јачината на светлосниот систем.

Вo секое време сме спремни да извршиме бесплатен вонреден целосен или делумен технички преглед на Вашето возило за да знаете со што тргнувате на пат.
Во Станицата за технички преглед на ДОВУ Автошкола ДООЕЛ, Здружение на возачи-Ресен:
 
  • Се изготвува комплетна документација за регистрација на Вашето возило,
  • Се наплатуваат сите потребни давачки врзани со регистрацијата,
  • Со комплетирана документација се пристапува на шалтерот на МВР за регистрација на возилото и се завршува работата.
Меѓународни возачки дозволи и полномоштва за управување на туѓо моторно возило во странство. Овие Документи можете да ги добиете во Станицата за технички преглед на возила исто и во нашиот Информативен центар, лоциран веднаш до поштата карши судот во центарот на градот.

За меѓународна возачка дозвола е потребно:
  • Две слики,
  • Важечка возачка дозвола
  • потврда од МВР дека НЕ Ви е одземена истата и, 10 мин. време.

 
За Полномошно за управување на туѓо моторно возило во странство потребно е:
  • Присуство на сопственикот на возилото
  • Сообраќајна дозвола од возилото
  • Пасош на носителот на полномошното
 
Јавете се на телефон 071 277 795 или 078 342 226 (Наум) за контакт.
Нашата фирма соработува со влијателно Брокерско друштво Мобилити брокер. каде: 
 
  • Можете да го осигурате возилото со задолжително осигурување АО;
  • Можете а го осигурате возилото Каско;
  • Можете да ги осигурате стаклата на возилото;
  • Можете да ги осигурате патниците во возилото;
  • Можете да направите зелен картон за 1 месец или 1 година. 

Полиса можете да добиете од било која осигурителна компанија која делува во македонија.

Mожете да добиете зелен картон од било која осигурителна компанија.