Совети за ниските температури и сѐ што е вообичаено за зима

Почитувани возачи од општина Ресен, почитувани возачи во Република Македонија!

Се соочуваме со временски неприлики,со вообичаена но, проблематична снежна покривка, ниски температури и се што е вообичаено за зима.

Колку сме ние спремни за вакви услови,е, тоа е сосема друго прашање. Но, ние сме во основа квалитетни возачи и бргу се прилагодуваме. А за таа цел, за што побезболно да ги поминеме ваквите услови на одвивање на сообраќајот, го препорачуваме следното:
  1. Не тргнувајте на пат, ако не морате!
  2. Ако веќе морате, тогаш:
  • носете зимска опрема, ланци лопата....
  • наполнете го резервоарот со гориво,
  • проверете ги течностите во моторот (масло,глицерин, средтство за ладење.... )
  • проверете ја напумпаноста на пневматиците,
  • проверете ги светлосно-сигналните уреди,
  • носете нешто вода и храна во возилото

Ние Ви стоиме на располагање за проверка на сето останато а важно во Вашето возило

Ви посакуваме СРЕЌЕН ПАТ !

Поврзани вести