social image

Ние сме специјализирани за ...

Во станицата за технички преглед можете, во секое време да си ја проверите техничката исправност на вашето возило, се разбира, бесплатно. Автошколата Ви стои на располагање во стекнување на возачка дозвола Б и М категорија за Вас и за Вашите деца.

Во информативниот центар, веднаш до поштата а наспроти Судот, можете да се информирате сѐ околу регистрацијата на возилата, полагањето и пријавувањето за возачки испит но, и да извадите меѓународна возачка дозвола, полномошно за управување на туѓо возило во странство. Можете, исто така, да добиете и полиса од автоодговорност.
Безбедноста и редот во сообраќајот во нашата општина се наше право и должност да посочиме и укажеме на состојбата и условите за одвивање на нормален сообраќај.
  • ТЕХНИЧКА ИСПРАВНОСТ НА ВОЗИЛАТА - УСЛОВ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

    ЗДРУЖЕНИЕ НА ВОЗАЧИ РЕСЕН

Најдобар избор за вас

Безбедноста на сообраќајот на патиштата отсекогаш го свртува вниманието на јавноста, едноставно, затоа што секое загрозување има несогледливи последици.

Моторните возила и нивната експлоатација во патниот сообраќај овозможуваат задоволство, радост и корист, но исто така тие често нанесуваат многу тага и болка. Затоа не дозволувајте да управувате со технички неисправно моторно возило. Направете технички преглед кај нас и бидете сигурни во управувањето на вашето моторно возило.